ОБЈАВЕНИ ПОВИЦИ

ФИТР со нов јавен повик ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации, преку кој се обезбедени 9 милиони евра за комерцијализација на иновативноста на македонските компании.
 
Целта на повикот е да се поддржат компаниите кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност. Финансиската поддршка е достапна за домашните претпријатија кои имаат проекти со јасна комерцијална цел и кои се во фаза на прототип, па се до преткомерцијална фаза.
 
Фондот обезбедува финансирање до:
 
- до 70% од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2 милиони евра;
- до 60% од вкупниот буџет на проектот, за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2 милиони евра, а помал од 10 милиони евра.
 
Рокот за аплицирање е до 17 Ноември 2022 година, до 14:00 часот.
 
 Повеќе информации за повикот се достапни на следниот линк: https://bit.ly/KOMERCIJALIZACIJA22

Фондот за иновации и технолошки развој на ден 09.06.2022 година, објавува Јавен конкурс за поднесување на предлог – проекти за финансирање под инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф“

Развојна Банка во Р.С.Македонија објавува повик за аплицирањето за бескаматниот кредит за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза

Фондот за иновации и технолошки развој на ден 10.05.2022 година, објавува Јавен конкурс за поднесување на предлог-проекти за финансирање под Инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст

Министерството за економија објави јавен повик за субвенционирање на микро, мали и средни претпријатија кои вработуваат најмалку три или две лица.

Министерството за економија објави јавен повик за субвенционирање на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност

Целта на повикот за ре-грантирање е да обезбеди мотивација и поддршка на локалните граѓански/грас-рут организации да реализираат проекти во заедницата коишто ќе го покажат патот кон подобрена благосостојба на жителите, со фокус на младите и жените.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија врз основа на Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г. усвоен од Владата на Република Северна Македонија објавува Јавен повик за социјални провајдери на услуги и евидентирани невработени физички лица за вклучување во бесплатни обуки

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, програма 3 – Земјоделство и рурален развој, потпрограма, објавува повик за неповратна финансиска поддршка од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино

Повикот е отворен за иновативни идеи кои ја користат моќта на технологијата за справување со родовите нееднаквости и ги зајакнуваат можностите за напредување на жените и девојките

Доколку имате идеја за стартап и сакате да го исполните својот сон, придружете се. За време на програмата, учесниците ќе можат да ги истражат своите идеи и да развијат иновативни начини за започнување на нивниот бизнис

Општина Струмица објавува ПОВИК за пријавување и вклучување на 20 невработени лица од општина Струмица во процесот на зајакнување на нивните капацитети заради започнување на свои сопствени бизниси во 2022 година

Млад земјоделец!!!

Ве известуваме дека младите кои имаат до 40 години, а се занимаваат со земјоделство или имаат бизнис идеа во секторот земјоделство, ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 112 „ Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, или во јавноста попозната како Млад земјоделец.Корисници на оваа подддршка може да бидат сите кои имаат до 40 годиншна возраст, регистрирани како индивидуални земјоделци согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Краен рок за аплицирање 29.08.2021 година. 

За повеќе информации на следниот линк: http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија преку проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, а согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021г. овозможува реализирање на неколку мерки наменети за ранлива категорија на лица.

Фондот за иновации и технолошки развој на ден 22.04.2021 година, го објавува јавниот повик за предизвикот: „СТАРТАП ХЕРОИ“

Министерството за економија на ден 16.04.2021 година објави ЈАВЕН ПОВИК за поддршка за развивање, одржување и применување социјално прифатливи практики на деловните субјекти во Република Северна Македонија за 2021 година

Фондот за иновации и технолошки развој на ден 16.03.2021 година, го објавува јавниот повик за:

 

”Дигитализација на земјоделство”

 

Наменет е за проекти на стартапи од земјоделскиот сектор, со што им се олесни пристапот до дигиталните технологии на земјоделците.

 

· ФИТР обезбедува финансирање до 90% од вкупниот буџет за проектот, во максимален износ од 1.500.000 денари.


· Менторска поддршка и поддршка во комерцијализација на проектите од страна на Швајцарската Агенција за развој и соработка


Аплицирајте електронски со свој предлог проект, најдоцна до 16.04.2021.

 

Детални информации за повикот и потребни документи за аплицирање се достапни ОВДЕ

Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија објави Јавен оглас за субвенционирање на советодативни услуги во рамки на програмската активност "Ваучерски систем на советување".


Предмет на јавниот повик е субвенционирање на советодавни услуги за малите и средните претпријатија, како и потенцијални претприемачи кои имаат намера да користат одредени советодавни услуги од страна на овластени советници регистрирани во Каталогот на советници за претприемништво во АППРСМ.

Министерството за економија врз основа на Програмата за развој на туризмот во 20121 година објави јавни повици за поддршка на туристичкиот сектор.

 

Јавен повик за субвенции за дигитализација на туристичко/угостителскиот сектор – ЛИНК  ДО ПОВИК

Јавен повик за финансиска поддршка на aктивен туризам – ЛИНК ДО ПОВИК

Јавен повик за субвенции за туристички цели на селски домаќинства – ЛИНК ДО ПОВИК

Прв јавен повик на #ФИТР за ко-финансирани грантови во 2021 година, 6 милиони евра за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економски раст:


➡ до 2,5 милиони денари за микро компании
➡ до 5 милиони денари за малите компании
➡ до 70% од вкупната вредност на буџетот за инвестицискиот проект
➡ до 10 милиони денари за средните компании или 60% од вредноста на проектот

Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“) за забрзан економски раст со цел надминување на последиците од КОВИД-19.

 

Рокот за аплицирање трае до 06.04.2021, а ова е линкот до повикот: https://fitr.mk/zabrzan-ekonomski-rast/?fbclid=IwAR06aiMJdcjwfoQmT93yOnk1b6PCHk3DjF6nBxPtue4LMMk0QNQUrjAKvBs

FIA Region I стартап предизвик

 

Почитувани,

Јавниот повик за поднесување на кредитно барање од Фондот за микро и мали претпријатија за директна поддршка на микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во Република Северна Македонија односно КОВИД 3 повикот, ќе биде објавен на 16.12.2020 година, аплицирањето започнува од 00:01 часот.

Критериумот за распределба на средствата е по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН” за кредитокорисници кои ги исполнуваат критериумите за одобрување на кредит.

Јавниот повик е објавен на следниов линк: https://www.mbdp.com.mk/mk/vesti/687-1-7.

За дополнителни информации обратете се кај Данче Поп-Иванова Илиева, тел. 071/364-934, е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., контакт лице од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

 

Претседател на Совет за развој на ЈИПР

Г-н Коста Јаневски

 

 

ПСМ Фондација отвара повик за аплицирање на бизнис предизвик, кој е дел од проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“, финансиран од Амбасада на САД во Скопје.

Бизнис предизвикот е наменет за млади лица од 18 до 30 години, од Источна Македонија, кои имаат за цел да креираат (социјален) бизнис. Целта на предизвикот е да овозможи поддршка на млади лица кои имаат идеја за започнување сопствен бизнис. Најдобрите 3 бизнис плана ќе добијат награда во износ од 2000 УСД, за да креираат сопствен бизнис.

Бизнис предизвикот ги опфаќа следните фази:

Вебинар – вовед во креирање бизнис и изработка на бизнис план, каде учесниците ќе се запознаат подетално со процесот на започнување бизнис и ќе добијат соодветни насоки за тоа како треба да изгледа нивниот бизнис план.

Менторство - секој учесник ќе добие индивидуално онлајн менторство од бизнис консултанти – експерти од областа на бизнис развој.

Бизнис план натпревар – секој учесник ќе аплицира со разработен бизнис план.

Најдобрите 3 ќе добијат финансирање од по 2000 УСД секој, за креирање на бизнисот. Услов за искористување на средствата е регистрација на нова компанија.

Сите заинтересирани лица може да се пријават тука, со краток опис на сопствената бизнис идеја, најдоцна до 15.09.2020.

Главната цел на проектот е да придонесе кон развојот на младинското претприемништво преку охрабрување и стимулирање на млади луѓе од источните краеви на земјата да креираат иновативни бизнис идеи, што на подолг рок би резултирало со зацврстување на капацитетите на младите луѓе, претприемачите како и целокупниот претприемачкиот потенцијал на земјата.

За повеќе информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел: 02 3106 660.

 

 

Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик за Технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД 19, наменета за микро, мали и средни компании од Северна Македонија со потенцијал за успешно работење.

Преку овој Инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 3.000.000,00 (три милиони) денари по апликант и тоа:

 

- за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50.000,00 (педесет илјади) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 750.000,00 (седумстотини и педесет илјади) денари,

- за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10 до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50.000,00 (педесет илјади) евра, а помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 1.500.000,00 (еден милион и петстотини илјади) денари и

- за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 3.000.000,00 (три милиони) денари.

 

Краен рок за аплицирање е 29.06.2020 година.

Повеќе информации на следниот линк.

 

Фондот за иновации и технолошки развој објави јавен повик за Технолошки развој за брзо прилагодување на КОВИД 19, наменета за микро, мали и средни компании од Северна Македонија со потенцијал за успешно работење.

Преку овој Инструмент Фондот обезбедува финансиска поддршка до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од 3.000.000,00 (три милиони) денари по апликант и тоа:

 

- за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50.000,00 (педесет илјади) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 750.000,00 (седумстотини и педесет илјади) денари,

- за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10 до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50.000,00 (педесет илјади) евра, а помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 1.500.000,00 (еден милион и петстотини илјади) денари и

- за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 евра согласно финансиските извештаи за последните две фискални години, финансирање во максимален износ од 3.000.000,00 (три милиони) денари.

 

Краен рок за аплицирање е 29.06.2020 година.

Повеќе информации на следниот линк.

Наслов на оглас: ЈАВЕН ПОВИК бр.07/2019 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година

ЈАВЕН ПОВИК БР.1 за поднесување на апликации за директна финасиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд

Јавен повик за финансирање на истражувачки проекти во основните и средните училишта (24.01.2020) ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИ ИСТРАЖУВАЧИ 3

Јавен повик за О2 предизвик 2 - “СПРАВУВАЊЕ СО КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ“

Наслов на оглас: ЈАВЕН ПОВИК бр.07/2019 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година

Наслов на оглас: ЈАВЕН ПОВИК бр.07/2019 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2019 година