Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија објави Јавен оглас за субвенционирање на советодативни услуги во рамки на програмската активност "Ваучерски систем на советување".


Предмет на јавниот повик е субвенционирање на советодавни услуги за малите и средните претпријатија, како и потенцијални претприемачи кои имаат намера да користат одредени советодавни услуги од страна на овластени советници регистрирани во Каталогот на советници за претприемништво во АППРСМ.

 Право на учество на јавниот повик имаат:


1. Активни микро, мали и средни претпријатија кои:


- Имаат потребна од советување од областа на деловните функции на претпријатието и/или изготвување на развојни програми и проекти;
- Не се во стечајна постапка, постапка на присилно порамнување или ликвидација;
- Претпријатија од областа на земјоделие, шумарство, лов и риболов се исклучени од програмата за ваучерско советување;
- Потребна документација - регистрација на претпријатието, финансиски извештај за последната година, изјава за законски застапник (во случај на прифаќање на пријавата).


2. Потенцијални претприемачи/невработени лица


- Пријавени во Агенција за вработување на РСМ, со намера за самовработување.


Износ на субвенција:


1. Активни претпријатија - субвенција до 50% од нето вредноста на советувањето, но најмногу до 45.000,00 денари за времетраење на Договорот ( МСП со иновативни проекти, со потенцијал за развој на нови производи/услуги имаат право на т.н. иновативен ваучер од максимум 90.000,00 денари)


2. Потенцијални претприемачи - субвенција во 100%, но најмногу до 31.500,00 денари без ДДВ под услов потенцијалниот претприемач да се самовработи најдоцна во рок од 6 месеци.


Јавниот повик трае до 30.10.2021, односно до искористување на средствата.