Фондот за иновации и технолошки развој на ден 22.04.2021 година, го објавува јавниот повик за предизвикот: „СТАРТАП ХЕРОИ“

 

 

ЦЕЛ: Целта на предизвикот е да се промовира иновацијата и конкурентноста преку воспоставување на партнерство помеѓу малите производители и претпријатие од корпоративниот сектор и да се обезбеди полесен пристап до пазарот за малите новоосновани претпријатија.

 

РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ: Рокот за аплицирање на јавниот повик е до 25.05.2021 година, до 14:00 часот. За финансирање ќе бидат земени предвид само оние предлог проекти доставени на горенаведениот начин и во дадениот рок.

 

Сите потребни информации во врска со аплицирање и правила за учество се достапни на страницата на ФИТР: https://fitr.mk/startapheroi/