bootcamp golemaБизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги на МСП за прв пат ќе организира камп за млади иноватори и претприемачи насловен како "Иновациски Буткамп" . Кампот ќе се одржи на територијата на општина Дојран на почетокот од месец март.

bootcamp golemaБизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги на МСП за прв пат ќе организира камп за млади иноватори и претприемачи насловен како "Иновациски Буткамп" . Кампот ќе се одржи на територијата на општина Дојран на почетокот од месец март.

Како резултат на недостаток на информации кај младите за теми кои се од голема важност како за економскиот развој на регионот така и за сопствениот интелектуален развој, се јави потребата од организирање на Инвациски Буткамп со цел запознавање на техники од сферата на претприемништвото, иновации, бизнис и менаџмент, маркетинг и друго.
Остварувањето на основната задача на Бизнис Центарот за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион е поврзано со развој на капацитетите на човечкиот капитал во приватниот сектор кој се стреми да обезбеди можности за зголемување на капацитетите на сите три групи претприемачи (почетници, нови бизнис сопственици и етаблирани бизнис сопственици). Спроведувањето обуки и кариерното насочување на младите и невработени лица ќе доведе до подобрување на развојот на човечките ресурси и надградување на заењата на одредени теми поврзани со претприемништво и развивање на иновативниот потенцијал.
Со цел да се надминат интелектуалните слабости кај младите во регионот, во рамките на проектот "Проширување на функциите на Центрите за развој на планските региони во насока на спроведување на активности/услуги за поддршка на приватниот сектор", учесници од 10те општини на Југоисточниот плански регион ќе бидат дел од петдневен Иновациски буткамп кадешто вклучени ќе бидат активности и обуки од сферата на бизнис, претприемништво, иновации, маркетинг и менаџмент, но и обуки за изработка на професионална биографија, life-skills, организирање дополнителни спортски активности (јога, фитнес, аеробик).
Наскоро ќе биде објавена апликација за сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од оваа незаборавно искуство.
Иновацискиот Буткамп е во органицазија на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, ќе биде спроведен од Knowledge Center, а финансиски подржан од Министерството за локална самоуправа.