На 23.12.2019 година во Струмица се одржа првата прес-конференција по проектот „Заеднички мерки за спречување и намалување на последиците од катастрофи во општините Сандански и Радовиш“, кој ќе се имплементира во партнерство со општина Сандански од Р.Бугарија и општина Радовиш.

Домаќин на прес-конференцијата беше Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на која како гости присуствуваа партнерите по проектот од општина Сандански, Бугарија, како и престваници од општина Радовиш.

Прес-конференцијата започна со поздравен говор од Г-а Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, а воедно и Проектен меанџер на проектот. 

Податоците од последните 20 години покажуваат дека Југоисточниот регион е најчесто погоден од поплави и затоа е потребна силна прекугранична соработка со цел да се спречат и намалат последиците од катастрофи – рече Г-а Ѓуркова.

Конференцијата продолжи со презентација од страна на Г-а Марија Бандулова, технички асистент по проектот, која ги престави целите, активностите и резултатите кои ќе бидат остварени со имплементација на проектот преку кои ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните во прекуграничниот регион, ќе се зголеми безбедноста од природни катастрофи и ќе се овозможи уредување на дел од коритото на реката Сушица во општина Радовиш во должина од 624 метри. 

Проектот е ко-финансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија.