ЈУГОИСТОЧЕН РЕГИОН

КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ

 

Во југоисточниот регион се одржуваат голем број на културни настани, летни и зимски фестивали, концерти, ликовни изложби, театарски претстави, поетски читања итн. Некои од поважните настани се: Фолк фест Валандово; Струмички карневал; „Смоквијада“ Гевгелија; Ден на празот, с. Градашорци, Василево; Фестивал на смоларскиот костен Ново Село; Првомајски трки во с. Стојаково, Богданци; Фестивал на изворен фолклор „Гајда“, с. Ињево, Радовиш; Манифестација „Топол културен бран“ Конче; Манифестација „Дојрански ракувања“; Празник на Општина Босилово итн. Во сите општини се празнуваат верските празници: Коледе, Бадник, Водици, Свети Трифун итн.

Во југоисточниот регион се организираат многубројни спортски настани, а регионот нуди извонредни можности за спорт и рекреација.