ПСМ Фондација отвара повик за аплицирање на бизнис предизвик, кој е дел од проектот „Креирање одржливи можности за претприемништво“, финансиран од Амбасада на САД во Скопје.

Бизнис предизвикот е наменет за млади лица од 18 до 30 години, од Источна Македонија, кои имаат за цел да креираат (социјален) бизнис. Целта на предизвикот е да овозможи поддршка на млади лица кои имаат идеја за започнување сопствен бизнис. Најдобрите 3 бизнис плана ќе добијат награда во износ од 2000 УСД, за да креираат сопствен бизнис.

Бизнис предизвикот ги опфаќа следните фази:

Вебинар – вовед во креирање бизнис и изработка на бизнис план, каде учесниците ќе се запознаат подетално со процесот на започнување бизнис и ќе добијат соодветни насоки за тоа како треба да изгледа нивниот бизнис план.

Менторство - секој учесник ќе добие индивидуално онлајн менторство од бизнис консултанти – експерти од областа на бизнис развој.

Бизнис план натпревар – секој учесник ќе аплицира со разработен бизнис план.

Најдобрите 3 ќе добијат финансирање од по 2000 УСД секој, за креирање на бизнисот. Услов за искористување на средствата е регистрација на нова компанија.

Сите заинтересирани лица може да се пријават тука, со краток опис на сопствената бизнис идеја, најдоцна до 15.09.2020.

Главната цел на проектот е да придонесе кон развојот на младинското претприемништво преку охрабрување и стимулирање на млади луѓе од источните краеви на земјата да креираат иновативни бизнис идеи, што на подолг рок би резултирало со зацврстување на капацитетите на младите луѓе, претприемачите како и целокупниот претприемачкиот потенцијал на земјата.

За повеќе информации: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., тел: 02 3106 660.