Регионалниот Бизнис Центар

за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Југоисточниот плански регион има за цел да помогне и да им даде поддршка на малите и средни претпријатија за нивен побрз и динамичен развој.

Преку идентификување на тековни потреби, лобирање, информирање и вмрежување, Бизнис Центарот придонесува во зајакнувањето на капацитетите на компаниите во регионот со што создава клима за развој на одржливи и профитабилни бизниси.

Бизнис Центарот ги нуди следните услуги:

ИНФОРМАТИВНИ УСЛУГИ
ПОДГОТОВКА НА ДОКУМЕНТИ
ПОДГОТОВКА НА ПРОЕКТИ
>ПОДДРШКА ПРИ АПЛИЦИРАЊЕ НА ПРОГРАМИ
ОРГАНИЗИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКИ И НАСТАНИ
CO-WORKING SPACE


Информирање за достапни Програми и фондови, отворени повици и можности за добивање на финансиска поддршка, промени во закони и останати корисни информации преку социјалните мрежи и преку директен контакт во канцелариите на Регионалниот бизнис центар при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Поврзување со категорија за електронски билтени.

Подготовка на анализи, извештаи, студии, водичи, комуникациски планови во рамки на одредени проекти, акциони планови за идни активности кои ќе овозможат подобрување на услугите насочени кон бизнис секторот.

Подетални информации – поврзување со категоријата – Програми за поддршка на МСП

Подготовка на предлог проекти и активности во рамки на приоритети утврдени во Програми за развој на регионално и национално ниво.

Најчести теми за реализација на проекти кои ги имплементира Регионалниот бизнис центар се следните: зајакнување на капацитетите на бизнис секторот преку организирање на студиски патувања, обуки, работилници и информативни денови, подобрување на туристичката понуда во регионот, поддршка во самовработувањето, подобрување на услугите на Регионалниот бизнис центар преку збогатување на услугите и активностите, воведување иновативни методи во земјоделството и друго.

Поддршка при аплицирање на достапни национални и странски Програми и фондови, отворени повици и можности за добивање финансиска помош. Поддршката се состои во доставување на информации во врска со потребни документи за аплицирање, доставување информации за контакт лица од различни институции, наоѓање на партнери, идентификување на проблеми и активности и слично.

Поврзување со категорија - листа за можни извори за финансирање.

Во рамки на најразлични проекти се организираат обуки, информативни денови и работни средби наменети за бизнис заедницата, невработени лица, академскиот сектор, невладини организации и општински админстрации.

Во зависност од утврдените потреби Регионалниот бизнис центар се стреми да организира информативни настани со институции кои нудат поддршка за бизнис секторот и стручни обуки и работилници во рамки на одредени проекти кои се имплементираат од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Поврзување со категорија Информации – настани.

Воспоставување на Co-working space во просториите на Регионалниот бизнис центар. Користејќи ги искуствата на другите земји Заедничкиот работен простор има за цел да им овозможи на МСП од регионот инфраструктура која ќе им помогне да ја подобрат ефикасноста на своето работење, да стапат во контакт со потенцијални партнери, и евентуално да иницираат заедничка соработка со други претпријатија или со академскиот сектор. Освен тоа, Заедничкиот простор, за Центарот ќе претставува ефикасен инструмент за приближување кон бизнис секторот од целиот Југоисточен регион и остварување на поинтензивни релации.