Во организација на Министерството за локална самоуправа во хотел „Мериот“, Скопје од страна на претставници на Центрите за развој на планските региони беа презентирани одобрените проекти преку Грантовата шема за инвестициски и Грантовата шема за иновативни проекти овозможени преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го имплементираат Министерството за локална самоуправа и Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, а со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

На свеченоста Раководителот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион Г-а Жулиета Ѓуркова заедно со Министерот за локална самоуправа Г-н Сухејл Фазлиу ги потпишаа договорите за двата одобрени проекти:

„Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ одобрен проект во рамки на Грантовата шема за инвестициски проекти, чија главна цел е подобрување на начинот на управување со земјоделските култури и условите за заштита на животната средина преку воведување современи технологии во земјоделството, со вкупна вредност од 94.472,59 CHF и проектот „Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработка со бизнис секторот“ одобрен проект во рамки на Грантовата шема за иновативни проекти, чија главна цел е подобрување на претприемачкиот амбиент за промовирање на МСП во Југоисточниот плански регион, со вкупна вредност од 38.979,39 CHF.

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ќе ги реализира овие два нови проекти со финансиска поддршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка.

Двата нови регионални проекти ќе имаат директно влијание врз подобрувањето на квалитетот на живеење, регионалната соработка и ќе промовираат иновативен пристап во обезбедувањето на услугите до сите засегнати страни.

Проектите беа избрани на инклузивен начин со директно учество на граѓаните од Југоисточниот регион. Проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“ како инвестициски проект го избраа граѓаните преку регионалните форуми на заедницата спроведени во Југоисточниот плански регион, додека пак проектот „Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработка со бизнис секторот“ како иновативен исто така беше избран на партиципативен начин со активно учество на претставниците од општините, невладиниот, образовниот и бизнис секторот од Југоисточниот плански регион.