Општината Василево е во финална фаза од изработката на локално урбанистичко планска документација за катастарските парцели 1160 и 1162 во населеното место Владевци наменети за изградба на хотелски комплекси. Вкупната површина на оваа локација е 30.000 м2 и таа се наоѓа во непосредна близина на населеното место Владевци. Инфраструктурата на оваа локација е планирано да се решава комбинирано, и тоа снабдувањето со вода преку довод од селската водоводна мрежа на Владевци, како и од сопствен артески бунар во рамките на градежната парцела. Изградбата на бунарите ќе се изврши врз основа на хидрогеолошки истражни работи со кои ќе се утврди капацитетот и квалитетот на подземните води. Фекалните отпадни води ќе се одведуваат во попивателни бунари во рамките на градежната парцела.

Потенцијалните инвеститори ќе можат да добијат подетални информации во општина Василево по завршување на процесот на изработка на урбанистичката документација.

Слики од индустриска зона Владевци