Датум и Време: 2022-06-14 08:11

Бизнис Центарот при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, со задоволство Ве поканува на инфо сесија на која ќе се презентираат условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за поддршка - Кoфинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.

Целта на поддршката е претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, „зелени” и дигитални технологии за нивна трансформација.

Поддршката е наменета за претпријатијата и ПЗУ (приватни здравствени установи) кои имаат јасно идентификувана потреба од нови технологии која ќе има значително и мерливо позитивно влијание во еден или повеќе од следните аспекти од нивното работење: зголемена продуктивност и ефикасност, намалување на трошоци и употреба на ресурси, намалување на негативното влијание врз животната средина, подобар квалитет и нови карактеристики на производите и услугите кои ги нудат на пазарот, за развивање на нови канали за продажба, влез, експанзија на нови пазари или за градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи. 

Подетални информации можете да најдете на следниот линк: https://fitr.mk/%D0%B7%D0%B0%D0%B1%D1%80%D0%B7%D0%B0%D0%BD-%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%82-2/

Инфо сесијата ќе се одржи на 19.05.2022 година (Четврток) во 10:00 часот, на апликацијата ЗООМ на: