Апликација за менторска поддршка за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, кои ќе аплицираат преку новиот повик на ФИТР
 
 Бизнис Центарот при Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамките на Ваучерската шема за давање стручна помош овозможува БЕСПЛАТНА МЕНТОРСКА ПОДДРШКА за сите фирми кои се заинтересирани да аплицираат преку новиот повик објавен од страна на ФИТР за инструментот за поддршка - Кoфинансирани грантови за комерцијализација на иновации.
 
Преку пополнување на апликацијата фирмите од Југоисточниот регион се стекнуваат со право за добивање на менторска поддршка, а поради ограничен износ на средства, редоследот на корисниците на менторската поддршка ќе се определува по принципот „прв пријавен-прв услужен“.
 
Линк за аплицирање за добивање менторска поддршка:
https://forms.gle/skpwrckDyLhQRqor8