На 22 Април 2022 година во Хотел Сириус во Струмица од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, се одржа Втората форумска сесија „Регионални форуми во заедницата“ кои се реализираат во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран преку Амбасадата на Швајцарија во Република С. Македонија, Швајцарската Агенција за развој и соработка и Владата на Република С. Македонија, претставувана од Министерството за локална самоуправа.

На Втората форумска сесија  присуствуваа претставници од општините од Југоисточниот плански регион, членови и претседатели од Советите на општините од Југоисточниот плански регион, советници од ЕЛС, претставници од бизнис заедницата, граѓански здруженија, урбани/месни заедници и други заинтересирани страни од регионот. Учесниците имаа можност да ги рангираат предлог концептите по двете програми  Програма за Грантова шема за проекти со задолжителна дигитална компонента и Програма на МЛС/БРР за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година, кои произлегоа од страна на учесниците за време на Првата форумска сесијаво насока на подобрување на животот во пошироката заедница и регионот.

Начинот на рангирање на предлог концептите се  одвиваше така што секоја работна маса на форумската сесија имаше право на еден глас по предлог концепт, со претходно меѓусебно договарање и компромис, односно највисоко рангираниот концепт добива најмногу бодови и така последовтелно се распределуваа бодовите според тоа како гласала работната маса.

Рангирање на Предлог Концептите по Програмата за Грантова шема за проекти со задолжителна дигитална компонента:

1.Смарт вело регион

2.Енергетски ефикасен регион

3.Дојран регионална еко-оаза

Рангирање на Предлог Концептите по Програмата на МЛС/БРР за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023:

1.Туризмот – иднината на регионот

2.Културното богатство – наследство за идните генерации

3.Реконструкција на локален пат с.Стојаково – с.Ѓавото

4.Изработка на техничка документација за изградба на велосипедски патеки во општините Конче, Радовиш и Василево

Следни чекори кои ќе бидат превземени во однос на резултатите од рангираните предлог концепти по Грантовата шема е подготовка на проектни апликации и  доставување до комсијата за оценување, додека пак предлог концептите од Програмата на МЛС/БРР ќе бидат презентирани на Советот за развој на ЈИПР и по нивно разгледување ќе се донесе Одлука за утврдување листа на регионални предлог проекти за 2022, секако земајќи го во предвид и гласањето на Втората форумска сесија.