Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во рамки на проектот Одржлив Инклузивен Рамномерен Регонален Развој – II фаза на спроведување на 07.03.2022 во во Хотел „Сириус“ Струмица година организираше работилница на тема Паметна Специјализација.

Работилницата имаше за цел да ги обедини: локалните власти, академската заедница,  бизнис секторот и граѓанското општество и да ги прошири нивните знаења во делот на Паметната специјализација, како пристап за зголемување на конкурентноста, да ги запознае со процесот на изработка на Стратегија за паметна специјализација на национално ниво и како и на кој начин истата да ја реплицираат на регионално ниво.

Оваа работилница претставува почетна точка од која еден регион ќе има можност да ги искористи потенцијалите на Националната Стратегија за Паметна Специјализација и да креира пилот Регионална Стратегија за Паметна Специјализација  насочена кон Кохезионите фондови на Европската Унија во иднина.

Стратегијата за Паметна Специјализација е од големо значење за мапирање на конкурентните предности на секој регион одделно и на тој начин ќе се фокусира на јавните и приватните инвестиции во економските области и гранки кои создаваат најголема продуктивност и додадена вредност при планирање и развој на секој плански регион.

Оваа активност е финансиски поддржана од Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа.1.jpg