На 30.05.2018 година во просториите на Дом на АРМ во Струмица пред претставници од бизнис секторот од Југоисточниот плански регион беше претставен актуелниот јавен повик за кофинансирање на предлог проекти за мали и средни претпријатија. Повеќе...

Јавниот повик беше објавен од страна на Фондот за иновации и технолошки развој на 28.04.2018 година и преку истиот се овозможува финансиска поддршка за малите и средни претпријатија преку следните инструменти:
1. Кофинансирани грантови за мали и средни претпријатија со тенденција на брз пораст („Газели");
2. Кофинансирани грантови за микро претпријатија;
3. Кофинансирани грантови за подобрување на иновативноста;
4. Кофинансирани грантови за стручно усовршување и пракса за нововработени млади лица.

Целта на инфо сесијата беше претставување на јавниот повик за поднесување на предлог проекти во рамки на столб 3 од Планот за економски раст на Влада на Република Македонија, разјаснување на критериумите за учество и потребна документација за аплицирање. Присутните на сесијата исто така имаа можност да поставуваат прашања во отворена дискусија.

Краен рок за аплицирање на јавниот повик е 11.06.2018 година.

Информативната сесија беше организирана од страна на претставници од Југоисточниот плански регион во соработка со претставници од Фондот за иновации и технолошки развој.

Повеќе информации за отворениот повик може да најдете на следниот линк: http://www.fitr.mk/