Центарот за развој на Југоисточниот плански регион согласно Договорот склучен помеѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локална самоуправа од Југоисточниот плански регион има планирано одредени активности и настани кои треба да ги имплементира во тековниот период. Една од тие активности е и имплементација на дводневна работилница на тема „Запознавање со работата на Центарот за развој на ЈИПР, подготовка на проектни апликации и управување со проектен циклус".

Работилницата на тема „Запознавање со работата на Центарот за развој на ЈИПР, подготовка на проектни апликации и управување со проектен циклус" беше одржана на 19ти и 20ти декември 2017 година во Дом на Арм во Струмица, а учесници на истата беа претставници од ЛЕР одделенијата од сите општини во ЈИПР.

Во текот на првиот ден, учесниците имаа прилика да се запознаат со работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, начинот на спроведување на политиките за рамномерен регионален развој, корисни информации поврзани со методологија за управување со проекти, SWOT анализа, формулирање на проект, додека вториот ден беше посветен на практична работа за време на која беше детално разработена апликационата форма за подготовка на проекти.

Целта на оваа дводневна работилница беше запознавање на вработените лица во одделенијата за Локален економски развој со начинот на спроведување на политиките за рамномерен регионален развој како и стекнување на пошироки знаења во делот на подготовка и имплементација на проекти. 

DSC 0300-min

DSC 0260-min

DSC 0297-min