Министерството за локална самоуправа, во соработка со УНДП, го имплементира проектот "Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво" кој ќе придонесе до создавање на услови за зголемување и унапредување на услугите што граѓаните ќе може да ги добијат по електронски пат, како и унапредување на концептот за добивање на услугите на едно место преку развивање функционални центри за услуги во сите општини.

На 14.11.2017 (вторник) година во хотел "Сириус", Струмица се одржа втората работилница за изработка на "Регистар за мапирање на потенцијали за развој на рурален туризам во Југоисточниот плански регион" која е дел од активностите на проектот "Иновативни решенија за подобар пристап до услуги на локално ниво".
Во рамките на оваа работилница се изврши финална селекција и одредување на фактори и атрактори за рурален туризам и се дадоа насоки за следните активности кои се однесуваат на завршувањето на Регистарот. Со цел навремено завршување на Регистарот, сите засегнати страни, оценувањето на фактори и атрактори ќе го извршат електронски.

На настанот присуствуваа претставници од општините од Југоисточниот регион, ЛЕР одделенија, угостителски работници и други засегнати страни.

До крајот на месец ноември се очекува финална верзија на документот Регистар за мапирање на потенцијали за развој на рурален туризам во Југоисточниот плански регион и како и негова презентација и промоција пред засегнатите страни.

DSC 0224-min

DSC 0225-min