DSC 0965-minВо рамките на проектот „Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија", финансиран од страна на ГИЗ (Германско друштво за меѓународна соработка), беше подготвена Регионална Стратегија за Иновации на Југоисточниот плански регион.

За таа цел на 14.09.2016 година во Дом на АРМ, Струмица се одржа втората работилница за презентација на финалната верзија на Регионалната стратегија за иновации во Југоисточниот плански регион, како продолжение на првата работилница за подготовка на Регионална стратегија одржана на 19-ти април 2016 година.

DSC 0965-minВо рамките на проектот „Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија", финансиран од страна на ГИЗ (Германско друштво за меѓународна соработка), беше подготвена Регионална Стратегија за Иновации на Југоисточниот плански регион.

За таа цел на 14.09.2016 година во Дом на АРМ, Струмица се одржа втората работилница за презентација на финалната верзија на Регионалната стратегија за иновации во Југоисточниот плански регион, како продолжение на првата работилница за подготовка на Регионална стратегија одржана на 19-ти април 2016 година.Целта на работилницата беше да се презентира сработената финална верзија на Стратегијата со вметнати коментари и мислења околу нејзината изработка кои беа дискутирани на првата работилница, и потоа да се дадат заеднички забелешки и финални коментари.

На спроведената работилница беа потенцирани дефинираните стратешки цели, визијата и мисијата на Стратегијата, поединечните иновациски приоритети на кои регионот ќе може да оствари извонредност, како и создавањето на еден самоодржлив претприемачки/иновациски екосистем кој ќе придонесе за зголемување на бројот на брзорастечки компании способни да иновираат.
Според коментарите од засегнатите страни, Регионалната стратегија беше дефинирана како основа за економскиот регионален развој која ќе влијае врз начинот на размислување, процес кој не застанува и ќе донесе повеќе проекти за во иднина.

За да заживеат целите на Регионалната стратегија, односно, за да се мотивираат компаниите да инвестираат, и да се овозможи идна соработка на различните типови на институции со бизнис секторот, предвидени се редовни настани на кои ќе се спроведат заеднички активности.