147141643990261 2Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, преку Регионалниот Бизнис Центар, продолжува со организирањето и спроведувањето на информативни средби за бизнис заедницата.

 147141643990261 2Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, преку Регионалниот Бизнис Центар, продолжува со организирањето и спроведувањето на информативни средби за бизнис заедницата. На 08 Мај, во Хотел Аполонија, Гевгелија, се оддржа четвртиот информативен настан, наменет за бизнис заедницата, со крајна цел зголемување на конкурентноста на Југоистoчниот плански регион, преку обезбедување поддршка на малите и средни претпријатија од овој регион, нивно поврзување со институциите, како и давање на специфични услуги заради подобрување на нивните капацитети. Овој настан е уште еден од серијата на информативни настани, кои ги спроведува Регионалниот Бизнис Центар, на територија на Југоисточниот плански регион, а до крајот на Јуни е планирано да се организираат уште три такви настани.Тема на овој настан беа Европските програми и фондови, каде од страна на предавачот беа опфатени следните сегменти:
• Запознавање со националните и ЕУ програмите за поддршка на приватниот сектор и економскиот развој и финансирање од ЕУ фондовите 2014-2020;
• ЕУ стандарди за заеднички настап на едиствениот европски пазар;

• Можности за изнаоѓање на партнери од други региони и во прекуграничен и меѓународен контекст;
147141643990261hКако учесници на овој настан беа претставници од бизнис секторот, претприемачи, невладин сектор, локални и регионални медиуми, стопански комори, невработени и општинска администрација.