rabotilnica inovaciiНа 19-ти април 2016 година во Дом на АРМ во Струмица се одржа работилница за подготовка на Регионална Стратегија за Иновации во Југоисточниот плански регион. Подготовката на оваа стратегија е поддржана од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија" и Министерството за локална самоуправа, одговорно за регионалната развојна политика во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Бизнис Центарот.

rabotilnica inovaciiНа 19-ти април 2016 година во Дом на АРМ во Струмица се одржа работилница за подготовка на Регионална Стратегија за Иновации во Југоисточниот плански регион. Подготовката на оваа стратегија е поддржана од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен регионален економски развој во Македонија" и Министерството за локална самоуправа, одговорно за регионалната развојна политика во соработка со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион и Бизнис Центарот. Целта на работилницата беше да се вклучат претставници од приватниот сектор (стопански комори, кластери, бизнис асоцијации), истражувачки и образовни институции како и граѓанскиот сектор во изработката на регионалната стратегија за иновации.
Изработката на истата има за цел да се стимулираат иновациите, претприемништвото и подобра искористеност на иновативниот потенцијал на регионот преку зајакнување на соработката меѓу истражувачките центри и бизнис заедницата. Воедно регионалната стратегија за иновации ќе придонесе кон подобрување на конкурентноста на институциите и организациите преку знаење и иновации.
Во рамките на процесот на подготвување на оваа стратегија планирано е одржување на уште една работилница на која ќе биде претставена пред-финалната верзија од стратегијата за иновации на сите заинтересирани страни.